СЗО гo пoздpaви нaпpeдoкoт нa Фајзер и Бионтек oти зa зaпиpaњe нa пaндeмиjaтa пoтpeбнa e вakцинa зa милиjapди лyѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација го поздрави постигнатиот напредок во пронаоѓањето на ефикасна вакцина против коронавирусот.

„Безбедните и ефикасни вакцини се моќна алатка во борбата против ковид -19. СЗО поддржува објавување на резултати за ефикасноста на кандидатите за вакцини за „Фајзер”и „Бионтек”, особено за нејзината ефикасност кај постарата популација, која е најризична”, соопшти организацијата на Твитер.

СЗО посочува дека, за да се запре пандемијата на ковид-19, ќе биде потребна вакцина за милијарди луѓе.

„Потребни ни се неколку безбедни и ефикасни вакцини за да ги задоволиме потребите и да го смениме текот на пандемијата”, соопшти СЗО.

„Колку повеќе кандидати за вакцина во развој – толку поголеми се шансите за успех”, заклучува Светската здравствена организација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This