СЗО: Дeлтa cojот e пpиcyтeн вo 192 зeмjи вo cвeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високо заразната делта варијанта на коронавирусот се прошири во 192 земји и територии во текот на минатата недела, а регистрирано е и ширење на соевите алфа, бета и гама, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите ги класифицираат соевите алфа, бета, гама и делта како „варијанти на вирусот корона кои се класифицирани како видови на загриженост (VOC)“. Неделното епидемиолошко ажурирање на СЗО посочува дека извештаите покажале дека видот на делта е присутен во 192 земји, пренесува ТАС.

Делта сојот за првпат беше откриен во Индија во октомври 2020 година. Според податоците објавени во епидемиолошкото ажурирање на СЗО, алфа -сојот, првпат откриен во Обединетото Кралство во септември 2020 година, во моментов е присутен во 195 земји и територии.

Бета -видот откриен во Јужна Африка во август минатата година е присутен во 145 земји (три нови земји од минатата недела), додека гама -сојот првпат откриен во Бразил во септември минатата година е присутен во 99 земји (четири нови земји од минатата недела).

Според СЗО, од почетокот на пандемијата до 5-ти октомври, во светот се регистрирани 235.175.106 случаи на коронавирусот и 4.806.841 смртни случаи поврзани со овој вирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This