дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО: Иcпopaкa нa вakцини нa cиpoмaшнитe вo пpвиoт квapтaл oд 2021 година

СЗО: Иcпopaкa нa вakцини нa cиpoмaшнитe вo пpвиoт квapтaл oд 2021 година

Светската здравствена организација и Алијансата за вакцини (ГАВИ) планираат да ги достават првите вакцини во сиромашните земји во првиот квартал од 2021 година, а Канада ветува дека ќе го сподели вишокот ширум светот, соопшти во петокот агенцијата кога беа евидентирани нови бројки за заразени и починати.

СЗО и ГАВИ воспоставија механизам за дистрибуција на вакцини Kовид-19 во сиромашните земји и предвидуваат дека првите пратки ќе започнат да се испорачуваат во првиот квартал на 2021 година.

Организациите го објавија ова по овие денови, богатите земји како Велика Британија и САД помпезно ги започнаа своите програми за вакцинација.

Канада, која нарача повеќе од 400 милиони дози вакцина за Kовид е подготвена да го сподели вишокот со другите, рече премиерот Џастин Трудо во едно интервју.

„Ако имаме повеќе вакцини отколку што ни требаат, сигурно ќе ги споделиме со целиот свет“, рече Трудо неколку дена откако започна историската кампања за вакцинација во неговата земја, пренесе АФП.

Земја со 38 милиони жители, Канада нарача повеќе од 400 милиони дози на вакцини од седум фармацевтски групи, што е една од најголемите количини во светот.