дома Свет СЗО: Ова е тек почеток и ова нема да биде „последна“ пандемија

СЗО: Ова е тек почеток и ова нема да биде „последна“ пандемија

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус, предупреди дека пандемијата на вирусот корона не е и последна и дека земјите треба да инвестираат во јавното здравство за да бидат подготвени за идните здравствени кризи.

„Историјата нè учи дека ова нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот“, рече Тедрос според кој пандемијата не е изненадување.

Тој додаде дека вирусот корона „го сврте светот наопаку“ во текот на изминатата година и остави далекусежни последици за економијата и општеството.

„Но, самата пандемија не е изненадување“, рече Тедрос потсетувајќи дека СЗО со години предупредува на таквата можност и на неподготвеноста на светот.