дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО прeдупредува: Годинава ќе биде полоша од 2020, виpусот се шири пребргу

СЗО прeдупредува: Годинава ќе биде полоша од 2020, виpусот се шири пребргу

Втората година од пандемијата на ковид-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Влегуваме во втората година од пандемијата, што може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот – рече претставникот на СЗО, Мајк Рајан.

СЗО, во најновиот извештај, наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

– По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша отколку што ќе се подобри – рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19.