дома Свет СЗО пpeдупpeди: Се бopиме со глобален недостиг на опрема за заштита од...

СЗО пpeдупpeди: Се бopиме со глобален недостиг на опрема за заштита од kopoHaвиpуcот

„Поради епидемијата на коронавирус, се соочуваме со хроничен недостиг на заштитни одела, маски, нараквици и друга заштитна опрема“, изјави денеска Тедрос Аданом Габриезус, директор на Светската здравствена организација (СЗО).

„ООН испраќа опрема за тестирање, маски, нараквици, респиратори и костуми за сите региони, но повторно се соочуваме со хроничен недостаток на заштитна опрема“, изјави Тедрос.

„ Ќе разговарам со мрежата за снабдување за да утврдам каде се појавува ќор-сокакот и да се обезбеди правична дистрибуција на опремата.“, додаде тој.

До денес, 637 луѓе починале од епидемијата на коронавирусот, а најмалку 31.000 се заразени.