дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО: Со затворање на границите може да купиме време за спpавување со...

СЗО: Со затворање на границите може да купиме време за спpавување со омикрон

Претставниците на Светската здравствена организација во Западен Пацифик, тврдат дека затворањето на границите, како мерка усвоена од некои земји, може да купи време за справување со новиот сој на коронавирусот омикрон, но дека применетите мерки и искуството стекнато во работата со претходните соеви треба да останат основа за борба против пандемија.

„Додека неколку земји во регионот се соочуваат со зголемување на заразата, случаите на Ковид-19 и смртните случаи во многу други земји се намалени“, рече регионалниот директор на СЗО за Западен Пацифик, д-р Такеши Касаи за новинарите на виртуелна конференција емитувана во Манила, пренесува агенцијатата АП.

Според него, граничната контрола може да го одложи влегувањето на вирусот и да купи време, но секоја земја и секоја заедница мора да се подготви за ново зголемување на случаите.

Омикрон, додава тој, е сој што предизвикува загриженост поради големиот број мутации, како и можноста за поголема преносливост од другите соеви на вирусот.

„Потребно е повеќе тестирање и набљудување“, заклучи тој.