дома Европа СЗО ја пpeдyпpeдyва Европа за пoлoвинa милиoн cmpтни иcходи oд Koвид-19 дo...

СЗО ја пpeдyпpeдyва Европа за пoлoвинa милиoн cmpтни иcходи oд Koвид-19 дo февраури

Европските држави се соочуваат со новите дневни рекорди на заразите со Covid-19 и Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предупредува дека толку високиот процент на преносот би можел да доведе до половина милиони дополнителни смртни исходи на континтентот до февраури.

„Ритамот на пренесување на вирусот во Европа е многу загрижувачки… Ние сме епицентарот“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге на водеоконференција, пренесува Reuters.

„Сегашниот ритам на заразата во 53 земји од европскиот регион е многу загрижувачки (…), доколку останеме на овој пат би можеле да имаме уште половина милион смртни случаи предизвикани од Covid-19 до февруари“, рекол Клуге.

Германија со рекорд пред состанокот на министрите за здравство

Германија во четвртокот потврди нов дневен рекорд со 33.949 новозаразени, што е највисоката бројка од почетокот на пандемијата минатата година. Претходниот највисок број заразен во еден ден во земјата беше потврден на 18-ти декември 2020 година со 33.777 коронаинфекции.

Можно е растот на бројот на новозаразените со коронавирусот да е поттикнат со празник кој се одбележуваше во делови од Германија во понеделникот, што била и причина за доцнењето со собирањето на податоците.

Дневниот рекорд е објавен во пресрет на дводневниот состанок на министрите за здравство на германските сојузни покраини, кој почнува подоцна во четвртокот.

Хелге Браун, шеф на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека германските сојузни покраини треба побрзо да го довакцинираат постарото население со третта или ткн „бустер“ доза“. Тоа требеше да се случи одамна, рекол Браун во четвртокот за јавниот сервис ZDF.

До средата само 6,7 отсто од Германците повозрасни од 60 години ја примиле „бустер“ дозата на вакцината, според референтниот Институт за заразни болести. „Роберт Кох“

Во Унгарија удвоени коронаинфекциите

Унгарските здравствени власти во четвртокот известија дека во изминатите 24 часа регистрирани се 6.268 нови зарази со коронавирусот, што е повеќе од двојно од податоците за заразените на средината од минатата седмица.

Државата која има 10 милиони жители, потврди 31.101 починати како последица на Covid-19 од почетокот на пандемијата.

Против коронавирусот потполно се вакцинирани 5,74 милиони Унгарци, што е под просекот за целата Европска унија.

Полска бележи најголема бројка од април

Полска во четвртокот пријави 15.515 зарази со коронавирусот на дневно ниво, според министерството за здравство, што е највисока бројка од април годинава.

Потврдени се уште 250 смртни исходи поврзани со коронавирусот. До моментов Полска, којашто има околу 38 милиони жители, потврди 3.060.613 заразени со коронавирусот и 77.395 починати од почетокот на епидемијата во земјата.

Во Романија речиси 500 починати во еден ден

Во изминатите 24 часа романските здравствени власти потврдиле дури 489 смртни исходи од последиците на коронавирусната болест Covid-19, соопшти Групата за стратешка комуникација (GSC), повикувајќи се на податоците кои се достапни на Националниот центар за координација и управување со интервенциите.

Се додава дека во истиот 24-часовен период, Романија потврдила 8.972 случај на заразата со коронавирусот.

Во Словачка 79 отсто од хоспитализираните не се вакцинирани

Најголемиот број дневни коронаинфекции во четвртокот потврди и Словачка. Тамошното министерство за здравство објави во четвртокот претпладнето дека се потврдени 6.713 новозаразени.

Во земјата која има 5,5 милиони жители поради коронаинфекции според денешните податоци хоспитализирани се 1.890 пациенти, од кои 327 се во критична состојба. Меѓу хоспитализираните, 79 отсто пациенти не се вакцинирани, додава министерството.

Во Русија нов рекорд на починатите

Бројот на починате заболени од Covid-19 достигна нов рекорд во четвртокот во Русија, со 1.195 смртни исходи во новиот бран кој ги присили властите да наметна задолжително прекинување на работата за сите.

Рускиот центар за пандемијата пријави и нови 40.217 заразени во изминатите 24 часа, од кои 6.305 нови зарази се во главниот град Москва.

Украина надмина три милиона заразени

Бројот на заразените со коронавирусот во Украина во четвртокот надмина три милиони со повеќе од 70.000 починати, објави министерството за здравство. Во последните 24 часа потврдени се 27.377 нови коронаинфекции со што е надминат претходниот дневен рекорд од 26.870 зарази од 29-ти октомври.

Потврдени се нови 699 починати со Covid-19, наведува министествто за здравство на Украина која досега вкупно потврди 73.888 починати.

Украина последните денови се соочува со растечките бројки и владата наметна мерки на строго затворање за да го сузбие ширењето на заразите, но и покрај тоа стотици лица во средата го блокираа сообраќајот во центарот на престолнината Киев протестирајќи против ограничувањата и задолжителното вакцинирање.

Вакцинирањето против Covid-19 стана задолжително за вработени во некои државни служби, а во областите прогласени за „црвени зони“, вклучително и Киев, само вакцинираните луѓе или оние со негативен резилтат од PCR тест смеат да влезат во рестораните, салите за вежбање и јавниот сообраќај.

Украина годинава заостана зад другите европски земји во вакцинираните против коронавирусот и сега се труди да ја убеди силно скептичната јавност да се вакцинира.