дома Европа СЗО: Ocтaнyвa нa дpжaвитe дa ги иcпитaaт нecaкaнитe eфeкти нa вakцинитe

СЗО: Ocтaнyвa нa дpжaвитe дa ги иcпитaaт нecaкaнитe eфeкти нa вakцинитe

Сите потенцијални несакани ефекти на вакцините за коронавирус се во надлежност на здравствените власти на земјите кои користат вакцини, соопшти портпаролката на Светската здравствена организација.

Таа зборуваше на оваа тема откако се појавија алергиски реакции во Велика Британија по давањето на вакцината на „Фејзер“ и британските здравствени експерти предупредија дека луѓето кои имаат проблеми со алергии засега нема да примаат вакцина, објави „Ројтерс“.

„Луѓето не треба да бидат премногу нетрпеливи“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на брифинг во Женева.

СЗО ги разгледува податоците од третата фаза на тестирање на вакцини од неколку производители, додаде таа.

„Вакцините сè уште немаат дозвола (од СЗО) за употреба во итни случаи, бидејќи најважно е прво да се грижиме за безбедноста“, додаде таа.