дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЗО: Peгиcтpирaни рекорден број на нoвoзapaзeни во светот за eднa нeдeлa

СЗО: Peгиcтpирaни рекорден број на нoвoзapaзeни во светот за eднa нeдeлa

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот минатата недела се зголеми за повеќе од 3,6 милиони, што е најголем број за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на смртни случаи во тој период се зголеми за 54.000, што е за 9.000 повеќе отколку во претходната недела, пренесува агенцијата ТАСС.

Во соопштението се прецизира дека минатата недела бројот на новозаболени лица во светот бил поголем за осум проценти во споредба со претходната недела.

Повеќе од половина, 54 проценти од новите случаи биле пријавени во Европа, како и 47 проценти од смртните случаи.

Претходниот рекорден број на новозаразени лица во светот на неделно ниво беше забележан во неделата од 26 октомври до 1 ноември, кога беа заразени 3,3 милиони луѓе.

Според СЗО, заклучно со 8 ноември, околу 49,7 милиони луѓе биле заразени во светот, а 1,2 милиони починале.