дома Балкан Силно невреме го погоди Белград (ВИДЕО)

Силно невреме го погоди Белград (ВИДЕО)

Силна бура проследена со грмежи околу пладне го погоди Белград. Силното невреме, јавуваат српските медиуми, траело околу половина час.

Дождот кој се истурил врз српската престолнина бил толку силен што била намалена видливоста, а ветерот и дождот создавале ужасни звуци надополвајќи ја ужасната слика и со ударите на громови.
За кратко време паднало големо количество дожд, па во прашање се доведени последиците од ова невреме, што првенствено се однесува на канализацијата која не може да прими толкаво количество врнежи за кратко време.