дома Хроника СИЛУВАНО МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ ОСТАНЛО БРЕМЕНО: Девојче останоло бремено откако претходно било нападнато...

СИЛУВАНО МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ ОСТАНЛО БРЕМЕНО: Девојче останоло бремено откако претходно било нападнато и силувано

Во текот на вчерашниот ден во 15,30 часот во Полициската станица Гази Баба, 54 годишен скопјанец пријавил дека пред околу четири до пет месеци врз неговата 17 годишна ќерка од страна на непознато лице откако ја пресретнало кај Железничката станица во Скопје и ја внело во возило, при што била извршена обљуба.

Како што информираат од МВР, пријавителот за настанот дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со неговата ќерка и дека девојката најверојатно била бремена. Родителите ја однеле девојката на преглед во Гинеколошко-акушерската клиника при Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана бременост.

По наредба на Јавен обвинител над истата и во Судска Медицина направен бил гинеколошки преглед. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.