дома Хроника СИЛУВАН ЗАТВОРЕНИК: Хорор во Штипскиот затвор!

СИЛУВАН ЗАТВОРЕНИК: Хорор во Штипскиот затвор!

Вистински хорор се одвивал вчера во затворот во Штип каде бил силуван затвореник. Имено, во полиција во 03 часот и 20 минути било пријавено дека настанала тепачка помеѓу затвореници и тоа 31-годишниот Т.М. од една страна и 26-годишниот Р.Џ. од друга страна, двајцата од Струмица.

Полицијата информира дека истиот ден околу 03.00 часот додека Т.М. спиел во ќелија, Р.Џ., кој бил сместен во истата ќелија, извршил полови дејствија над него.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.