дома Македонија Силјановска го посети сестринството во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица

Силјановска го посети сестринството во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица

Претседателскиот кандидат поддржан од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на сестринството во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Рајчица.

„Во сестринството во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во питорескната Рајчица поминав прекрасни моменти и научив многу за повеќе теми меѓу кои и за изработката на „митрите” што се изработуваат за високи црковни претставници. Мирот и енергијата кои што може да се доживеат во Рајчица ми дадоа дополнителна сила да ја продолжам битката за праведна Македонија“ , напиша Силјановска Давкова на фејсбук.