дома Македонија Силјановска до Заев: Ем шут, ем најрогат

Силјановска до Заев: Ем шут, ем најрогат

Ем шут, ем најрогат, ем најпопуларен, коментира професорката Гордана Силјановска Давкова по новите аудиобомби, во кои претседателот на СДСМ зборува за припадниците на Шарена револуција.

Ново аудиобомба за Заев: Ќе им е.ам мамата и на „шарени“ и на цела коалиција

Заев тврди дека бил прв меѓу еднаквите во битката со режимот, попозната како Шарена револуција. Ако своите соборци ги нарекува шути и рогати, тој бил најшутиот и најрогатиот меѓу нив! Сега ми е јасно зошто го предложија викингов од југов, погрешно наречен север, за Нобелова награда за мир! Ама, вистинските северњаци го прочитаа. Како може Југ да биде Север?

По ова, Заев почна да снима акциони филмови за Дивиот запад, од типот „ Добар, грд, лош“. Мила и Димитров ги гледаат во изборен пар, од кола, а Рада ја коментира Заевата „неприкосновена“ популарност кај Северџаните, навестувајќи нови успешни улоги- бомби!, коментира професорката.