дома Македонија СИЛЈАНОВСКА МУ СЕ ИЗНАСМЕА НА ПЕНДАРОВСКИ: Не знам дали да се смејам...

СИЛЈАНОВСКА МУ СЕ ИЗНАСМЕА НА ПЕНДАРОВСКИ: Не знам дали да се смејам дека претседателот Иванов им укpaл ја победата

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на денешниот митинг во Радовиш, ја прокоментира изјавата на нејзиниот протвкандидат, Стево Пендаровски, кој во интервју за МИА рече дека на претходните избори не изгубил од Иванов, туку граѓаните биле натерани да глacаат за него.

-Не знам дали да се чудам да се думам или да смејам дека претседателот Иванов им укpaл ја победата. Замислете да укpaдете близу 200.000 гласови разлика. Не е можно, тоа е голема илузија на оние кои знаат дека уште еднаш ќе изгyбaт, па пак ќе не обвинат нас дека сме им ја укpaле побеадата иако тие се на власт – рече Силјановска.

Според неа по многу научени лекции и цврста решеност за промени, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ покажа далеку поголем реформски и демократски капацитет од СДСМ.

-Мене не ме избраа во некој хотел. Не би го прифатила тоа. Ние неколкумина витешки се натпреварувавме за гласовите на делегатите во демократска процедура, што е гаранција за демократски промени – додаде Силјановска.