дома Македонија СИЛЈАНОВСКА НА СРЕДБА СО ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА ВО МАКЕДОНИЈА: Вели имавме, плодна и...

СИЛЈАНОВСКА НА СРЕДБА СО ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА ВО МАКЕДОНИЈА: Вели имавме, плодна и инспиративна средба со турската амбасадорка

Плодна и инспиративна средба со амбасадорката Еркал Кара на која заклучивме дека имаме слични погледи на регионалните и глобалните процеси и односи, напиша кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил по средбата со амбасадорката на Турција во Македонија.

-Заедничка цел е да продолжат специјалните пријателски односи меѓу Турција и Македонија. Ќе работиме заедно на зацврстување на докажаното пријателство меѓу македонскиот и трускиот народ, стои во статусот на Силјановска Давкова.