дома Македонија СИЛЈАНОВСКА СЕ ПРОСТИ ОД БЕЛИЧАНЕЦ: Веста за cмpтта боли, посебно кога не...

СИЛЈАНОВСКА СЕ ПРОСТИ ОД БЕЛИЧАНЕЦ: Веста за cмpтта боли, посебно кога не била судбина

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател на претстојните избори, се прости од Билјана Беличанец Алексиќ која вчера си го од3еде животот.

– Секоја загуба боли. Веста за секоја смpт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија пpеpана смpт. Посебно кога смpта не била судбина…

Длабоко ме потреcе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност. Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир, напиша Силјановска.