дома Локално СИМБОЛОТ НА БИТОЛА ЌЕ ИЗГОРЕШЕ:Негрижата на властите предизвика пожар во офицерски дом...

СИМБОЛОТ НА БИТОЛА ЌЕ ИЗГОРЕШЕ:Негрижата на властите предизвика пожар во офицерски дом во Битола

Вечерва пожар го зафати Офицерскиот дом во Битола, еден од најубавите архитектонски зданија на Широк Сокак. Според информации од терен, се дознава дека објектот подолг период е без обезбедување, запуштен и оставен без адекватна заштита и грижа.

Пожарот се случил откако бездомник влегол во објектот и запалил оган да се загрее, по некое време огнот се проширил и предизвикал пожар. Реагирала противпожарна единица, по што пожарот бил изгаснат.

Овој немил настан за малку ќе го оштетеше овој објект симбол на Битола низ времето.

Објектот е оставен на забот на времето, а власта не презема ништо за негова заштита и ставање во функција.

Власта иако предизборно и за време на парламентарните, но и за време на локалните избори ветуваше негова заштита и обнова, но ништо конкретно не направи. Офицерскиот дом според плановите на СДСМ требаше да се обнови и пушти во употреба како објект за одржување на културни настани, но ништо од тоа не се реализира досега, напротив истиот е оставен без никаква заштита.