дома Македонија Симовски: Бecмиcлицa ce твpдeњaта зa пpитиcoци вpз лицaтa кoи ce изjacнyвaлe кaкo...

Симовски: Бecмиcлицa ce твpдeњaта зa пpитиcoци вpз лицaтa кoи ce изjacнyвaлe кaкo Бугари

Апсолутна измислица се тврдењата на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола дека граѓаните кои се изјаснувале како Бугари биле навредувани од попишувачите, од инструкторите или од кого било друг за време на пописот, изјави за МКД.мк директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски. 

Тој категорично демантира дека имало каков било притисок врз граѓаните кои се изјаснуваат како Бугари и вели дека попишувачите имале обука како да се однесуваат, особено за вакви чувствителни прашања. 

„Невозможно е ова што го тврдат од Центарот. Попишувачите немаа право да влијаат, а граѓаните имаа право да бараат увид во напишаното. Попишувачот морал да ги попише така како што се изјасниле. Тоа е апсолутна бесмислица”, додава Симовски.

Симовски ги отфрла и наводите дека на лицата кои се изјаснувале како Бугари им бил баран доказ, на пример бугарски документи, пасош и слично.