April 16, 2024, 10:56 pm

Симовски објасни зошто има повеќе попишани лица отколку што има гласачи според избирачкиот список

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски во вечерашното интервју за „360 степени“ објасни дека бројката на попишани лица и бројката на лица со македонско државјанство се две сосема различни работи.

„Пописот и избирачкиот список се сосема различни евиденции“, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски во гостувањето на емисијата „360 степени“.

Поради тоа, појаснува Симовски, и бројот на попишани и бројот на лица во избирачкиот список не треба да се поистоветуваат.
Според него, едната евиденција се базира на административна евиденција на државјани во Македонија, од која оние што се полнолетни и се делумно способни, имаат право на глас.

-Тоа со пописот нема допирна точка. Целта на пописот е сосема поинаква. Лицата се поинаку дефинирани. Таа база на државјани е околу 2 милиони и 400 илјади жители, информира Симовски за разликата меѓу пописот и бројката на избирачкиот список.

Согласно официјалните резултати, имаме 1.832.696 попишани лица, а според избирачкиот список 1.824.864 гласачи.

Во однос на бројот на лицата што одбиле да се попишат, тој вели дека тоа е помалку од еден промил, односно ако се земе во предвид дека промил значи околу 2000 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This