Симовски: Пописот заврши успешно, резултатите до крајот на март 2022

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија успешно заврши. Попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, соопшти вечерва директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.
Во дијаспората, истакна Симовски, се самопопишале 204.805 македоински државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји.
Според него, занемарувачка е бројката на оние што одбиле да се попишат, но деновиве ќе биде собрана и точно ќе се знае. Сепак, може да се изрази во промили, не во проценти. За нив, како што рече Симовски, има искази кај попишувачите и ќе бидат покренати постапки.
Резултатите од пописот се очекува да бидат објавени во рок од шест месеци од денот на завршувањето на пописот, односно до крајот на март следната година.
-Пописот е целосно успешно спроведен. Земјава покажа дека има капацитет да спроведе ваква тешка статистичка операција. Сите домови беа посетени, сите граѓани беа дел од пописот, а оние кои не беа опфатени, а се дел од базите на податоци, ќе бидат дел од пописот, истакна Симовски.
Тој информира дека со комбинираниот пописен метод се овозможи ефикасно следење на попишувањето. Од опфатените објекти за живеење, напомена, 91 процент биле предмет на пописот. Останатите девет отсто не се за домување.
-Со помош на технички алатки се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на пописот на терен. Изразено во бројки тоа значи дека од опфатените објекти за живеење 91 процент беа предмет на попис, а девет проценти се објекти кои не се предмет на попис. Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои тоа не успеаја да го направат сепак ќе бидат дел од пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоци, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата, рече Симовски и најави дека во наредниот период ќе продолжат следните фази од пописот.
Тој објасни дека прво, комисиите на пописните реони треба да ги финализираат завршните активности – прибирање на лап-топите, останатите пописни материјали и нивно враќање во Заводот, а потоа ќе почне процесот на обработка на податоците според утврдена програма и Акцискиот план.
На прес-конференцијата се обрати и заменикот-директорот на ДЗС, Илми Селами

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This