Симовски: Предвидени се два типа на caнкции за граѓаните и за попишувачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најважно за сите е да имаме доволно точни, навремени и квалитетни информации, што ќе придонесе за развој, во овој момент најмалку размислуваме за санкции, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, кој заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, ја посетија Казнено-поправната установа Куманово во К’шање, каде што почна пописот на осудените лица.

Симовски информираше дека нема проблеми со апликацијата и иселениците можат да се попишуваат. Вчера завршил и рокот за теренските попишувачи на кои се пријавиле осум илјади лица.

-Најголемата санкција за сите нас е да немаме доволен фонд на информации, еве 20 години речиси немаме попис поголема санкција од тоа има ли за сите нас. Значи јас ги охрабрувам не е проблемот некој да се казни, проблемот е да ги собереме податоците, бидејќи тие се потреби за сите граѓани во оваа држава, ако сакаме развој на оваа земја, а тој развој се прави исклучиво ако имате информации, денеска најскапата работа во светот е информацијата, навремена, точна и квалитетна информација. Ако сакаме квалитетни информации, а врз основа на тоа и квалитетен развој треба сите да учествуваме во пописот и да се попишеме. Последната работа на којашто јас размислувам во овој момент се санкциите, рече директорот Симовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Симовски истакна дека има два типа санкции, за оние кои ќе се попишуваат, но и за оние кои учествуваат во операцијата, што е прецизно утврдено со Законот за попис.

-Едниот за оние кои одбиваат да даваат податоци или ќе даваат погрешни податоци и кои подлежат на прекршочни пријави и мислам дека таму се казните од 200 до 300 евра во денарска противвредност, а втора се санкциите коишто се однесуваат на оние кои учествуваат во пописот, коишто ќе ги злоупотребуваат тие податоци евентуално, каде што имаме и кривична одговорност и мислам дека максималната казна беше до пет години затвор, тоа се однесува на нас коишто сме учесници. Јас се надевам дека никој нема да има потреба да подлежи на овие санкции, туку дека сите ќе сфатиме дека оваа операција е во интерес на нас, на граѓаните на оваа држава и дека ќе ја поддржиме и максимално ќе бидеме сериозни во тој дел-рече Симовски.

До вчера, кога завршил рокот за теренските попишувачи се пријавиле осум илјади лица и се прави структура по пописен реон, согласно запазување на правична застапеност, познавање јазици, населени места. Симовски смета дека ова е бројка е доволна, бидејќи им се потребни околу 6.000 попишувачи и ќе нема проблеми, но и ако се јави потреба ќе се реши проблемот, со распишување нов конкурс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This