April 24, 2024, 10:14 am

Симовски: Koнeчнитe peзyлтaти oд пoпиcoт ќe ги имaмe нajдoцнa дo мapт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конечните резултати од пописот се очекува да бидат готови најдоцна шест месеци по завршувањето на процесот, односно до крајот на март, вели првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

„Работите на обработката започнаа веднаш по завршувањето на пописот и ќе траат до оној период кога ќе бидеме подготвени да ги објавиме и во јавноста. Тоа е процес кој е неминовен по секоја статистичка операција и е дел од целокупниот процес на оваа операција“, рече Симовски.

Според него, минимален е бројот на оние што не се опфатени во овој процес, но со користењето на други бази на податоци нема да има изоставено ниту едно лице.

„Она по што се раководиме кога спроведуваме одредено статистичко истражување е да имаме концепт како ќе го следиме опфатот на сите единици на тоа истражување, а исто и на пописот. Клучната работа по која се раководевме беа објектите за домување каде што се сместени граѓаните, каде што живеат граѓаните и сите овие објекти се поминати целосно не е испуштен ниту еден. Да, се случуваше да не можеме да најдеме некого дома, сепак беше летен период на спроведување на пописот, меѓутоа се обидувавме повеќепати да ги побараме, остававме телефонски броеви, за да исконтактираат со попишувачите, немаме воопшто значаен неопфат со пописот“, изјави Симовски по настанот посветен на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Македонија“.

Во однос на оние што го бојкотираа пописот и за кои беа најавени казни рече дека тие случаи се процесираат, а други институции треба да преземат мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This