Симoнoвски: Во 2022 плaнирaме сериoзнa нaбaвкa на опрeмa и прoтивпoжаpни вoзила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kомандантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, оценува дека пожарникарските екипи биле на висина на задачата при гаснењето на пожарите што во август ја зафатија земјава, но недостигот на опрема за локализирање на вакви пожари е огромен на цела територија.

Во во интервју за МИА, Симоновски вели дека за овој период од годината карактеристични се шумските пожари и дека со временските промени и глобалното затоплување, во иднина може да се очекуваат се повеќе вакви пожари.

Тој најавува вработување на 20 пожарникари, но поради претстојните локални избори, огласот е ставен во мирување. За следната година планирана е и сериозна набавка на опрема и возила за потребите на ТТПЕ Скопје.

– Во јануари 2020 година донесовме одлука за набавка за три противпожарни возила и една автомеханичка скала за потребите на градот Скопје, но во таа бирократија, Бирото за управна контрола при јавни набавки ни ја поништи одлуката за трите возила и покрај дописот од наша страна за просечната старост од 30 години на возилата со кои располагаме и бевме одбиени. Околу бројот на вработени – да, имаме недостаток и тоа голем. Имаме тековен оглас за вработување на 20 пожарникари, но распишаните локални избори го ставија во мирување. И како за податок, од 2019 година имаме вработено 41 пожарникар но, процесот на заминување во пензија неможеме да го ставиме во „мирување“. Опремувањето е планирано за 2022 година кога планираме сериозна набавка на опрема и возила за Бригадата – нагласува Симоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This