April 16, 2024, 11:13 pm

Синдикатите до Филипче: Со новите мерки граѓаните попрво ќе умpaт од глaд отколку од кopoна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата.

Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена.

Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Дали ќе бидат усвоени онака како што предлага Комисијата или ќе има измени, ќе се знае во текот на неделата.

Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.

– Ако државата нема обезбедено финансиски средства во Буџетот за 2022 година за бесплатни ПЦР тестови за сите работници, а работодавачите укажуваат дека товарот треба да падне на работниците за тестирањето за да можат да им дојдат на работа и да им работат за минимална плата од 15.200 денари и да им ствараат милиони во добивка, работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона, велат од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА.

Велат не се против вакцинација, но сметаат дека таа треба да биде личен избор.

– Укажувавме дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации, но и одредени бенифиции кои ќе беа дополнителен мотив, но за жал, Комисијата на барањата на работниците како на пример најмалку денот кога се вакцинираат да биде препорачано да биде платен неработен ден (поради зачестените пријави дека газдите ги тераат по вакцинацијата да се вратат веднаш на работа, а не ги ни ослободуваа доколку имаа реакција по примањето на вакцината во наредните денови) тие се огласија за ненадлежни, а од друга страна денеска сме сведоци како истата Комисија предлага и ги изложува работниците на сопствен трошок да прават ПЦР тестови доколку одлучат да не се вакцинираат, наведува ССМ во одговорот.

Од друга страна, Стопанската комора на Македонија бара задолжителната вакцинација да се воведе и во приватниот сектор сметајќи дека на тој начин ќе се постигне колективен имунитет и ќе се овозможи континуитет на работниот процес. Предлагаат за вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот, да се воведе задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со самотестирање или во државни и приватни дијагностички центри, а трошокот за тестирањето со брзите антигенски тестови да биде на товар на работникот.

-Доколку работодавачот се одлучи за правење антигентски тест во дијагностичките центри, работникот треба да приложи резултат издаден од лабораторијата каде е направен. Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови да биде на товар на работникот. За да нема дилеми во примената, се предлага Одлуката да се дополни и со тоа дека непочитувањето на пропишаната мерка за задолжително тестирање во случај кога вработеното лице не е вакцинирано или нема прележан КОВИД во последните шест месеци, претставува повреда на прописите за безбедност и заштита при работа, за што работодавачот применува мерки во согласност со прописите што ги регулираат работните односи (Законот за работните односи и колективните договори), по примерот на Словенија, изјави во средата потпретседателката на Комората, Анета Трајковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This