Синиша Алексовски бара оштета од 10 милиони евра од Сашо Мијалков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ ќе продолжи со презентацијата на нови сведоци. Еден од оштетените во овој случај, Синиша Алексоски, поранешен вработен во кабинетот на претседателот Иванов, во поднесената изјава до судот вели дека бара оштета од 10 милиони евра од обвинетиот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК.

Во овој случај има вкупно 105 оштетни побарувања.

Алексоски бара да се утврди одговорност од овластени службени лица во МВР кои усмено или писмено се баратели за примена на незаконски мерки за следење на комуникациите. Бара одговорнст од службени лица кои ја користеле добиената содржина од незаконските мерки за следење на комуникациите и од овластени службени лица во МВР на чии персонални компјутери била трансферирана добиената содржина од незаконските мерки.

Во изјавата Алексоски, кој е инаку поранешен вработен и во Агенцијата за разузнавање, бара да се утврди дали во периодот од февруари 2007 до февруари 2017 година во МВР и во УБК каде биле сместени системите за прислушување неовластено присуствувале странски службени лица, меѓу кои и офицер на странска разузнавачка служба Р.Б., акредитиран во 2017 како асистент аташе во странско ДКП во Македонија. Во изјавата Синиша Алексоски бара и одговор на прашањето дали врз основа на акт од Агенцијата за разузнавање (Активности за набавка на опрема за следење на телефонски комуникации од 20 мај 2014) е остварена незаконска набавка на опрема за следење на телефонски комуникации за потребите на една политичка партија.

Во овој случај прислушувани се и новинари кои исто така имаат поднесено барања за оштета. Судењето за овој случај го води кривичниот совет предводен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението го застапуваат обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This