дома Занимливости СИНОТ НА ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ ЗНАЕ КАКО ДА УЖИВА: Реши да се почести...

СИНОТ НА ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ ЗНАЕ КАКО ДА УЖИВА: Реши да се почести пред свадбата со нов автомобил!

Вељко Ражнатовиќ синот на Цеца реши да се почести пред свадбата, која ќе се одржи оваа година. Имено, синот на балканската фолк дива си купи нов автомобил. Станува збор за моделот “Porche 718”, со кој синот на фолк ѕвездата се пофали на социјалните мрежи.

Цената на овој убавец изнесува над 70.000 евра, па затоа не е изненадување што Вељко Ражнатовиќ нагалено Поршето си го нарече “моето бебе“.
Синот на фолк дивата Цеца исто така при едно гостување во утринска програма каде зборуваше за своите боксерски мечеви откри кој ритуал го прави пред секој меч, а се однесува на неговата свршеница Богдана Родиќ.
-Таа е секогаш тука во првите редови. Таа е член на екипата. Имаме ние и ритуал, она мора да ми ги бакне двете раце пред да ги ставам ракавиците. На секоја од рацете го имам нејзиниот кармин и потоа влегувам во рингот. Тоа е наш некој ритуал, вели Вељко.

Тој при ова гостување раскажа и дека Цеца и Анастасија се уште не биле на ниту еден меч до сега, но и дека неговата сестра ќе дојде на поглавните мечеви кој следуваат следниот период.