дома Хроника СИН НА БИЗНИСМЕН ТЕПАЛ ПЕШАК: Драма во Дебар Маало откако син на...

СИН НА БИЗНИСМЕН ТЕПАЛ ПЕШАК: Драма во Дебар Маало откако син на бизнисмен нападнал пешак бидејќи го замолил да вози полека

Вистинска драма се случувала во средата на улицата „Орце Николов“ во Скопје кога Ненад М. , син на познат скопски бизнисмен физички нападнал пешак кој го замолил да вози поспоро и да ги почитува сообраќајните правила и прописи, пишува „Скопје инфо“.

Според изјавите на очевидци на настанот кои за Скопје Инфо ја раскажаа случката Ненад бил дрзок, безобразен и под дејство на алкохол.

Настанот се случи набрзина. Наеднаш видовме како возач во видно алкохолозирана состојба излегува од возило и физички го напаѓа пешакот кој пред неколку секунди љубезно и културно го замоли да вози поспоро. Потоа настана вистинска турканица и хаос на улицата, раскажува очевидец.

Најлошо од се е што пешакот сакаше културно да му сугерира дека начинот на кој што се однесува во сообраќајот е несоодветен, а за тоа доби ќотек во присуство на своето мало дете, додава тој.

Настанот е пријавен и евидентиран во полицијата, но до сега не е објавен во полицискиот билтен. Според информациите до кои дојде Скопје Инфо сторилетот на делото завршил со прекршочна санкција.

По кратко време дојде полицијата и го приведе сторителот на прекршокот кој исто така безобразно се однесуваше и ги навредуваше полициските службеници, вели очиведецот за Скопје Инфо.