дома Свет СИРИСКИОТ ГЕНЕРАЛШТАБ: Тројца ранети во ракетниот напад

СИРИСКИОТ ГЕНЕРАЛШТАБ: Тројца ранети во ракетниот напад

Три лица се ранети во текот на здружениот напад на САД, Британија и Франција на Сирија, соопшти сирискиот Генералштаб.

Како што се наведува, вкупно на рзлични објекти во земјата се испалени нешто повеќе од 110 ракети.

 Сиријската војска, како што прецизираше, успела да собори повеќе ракети, иако некои успеале да ги погодат своите цели и да нанесат голема материјална штета.

Сиријската војска ќе продолќи да води борба против тероризмот, се додава во соопштението.

„Овој напад ќе биде мотивација да ја продолжиме борбата против тероризмот“заклучува Сиријскиот Генералштаб.