дома Македонија СИРОМАШНТА МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА 26 МИНИСТРИ: Македонија рекордер со 26 министри- Словенија има...

СИРОМАШНТА МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА 26 МИНИСТРИ: Македонија рекордер со 26 министри- Словенија има 16, Естонија 14, Швајцарија 7!

Македонија е меѓу водечките европски земји по бројност на владиниот состав, иако СДСМ додека беше во опозиција ветуваше дека ќе ги намали министерските позиции.

Еден од предлагачите на законот за ново министерство е и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, за „Плусинфо“ вели дека тоа нема да предизвика никакви дополнителни трошоци или вработувања и оти во новото министерство ќе дојде до концентрација на неколку институции во една: Управата за афирмирање на културата на заедниците, Управата за афирмирање на образованието на заедниците итн. Планираните средства во Буџетот од овие институции ќе се префрлат на сметката на новото министерство.

Доколку се направи споредба со државите кои се со слична бројност на жители, но и со земјите од регионот ние рушиме рекорди.

Во Словенија Владата има вкупно 17 члена, премиерот Марјан Шарец и уште 16 министри од кои шестмина се и вицепремиери. Во Естонија, каде има околу 1,4 милиони жители, владата на премиерот Јури Ратас е составена од 14 министри. Швајцарија, која е конфедерација, има седум министерства, еден канцелар и двајца заменици-канцелари.

Од земјите во регионот, пак, со бројност, најблиска ни е Србија чија влада заедно со премиерката Ана Брнабиќ брои 22 члена. Владата на Бојко Борисов во Бугарија, пак, е составена од вкупно 19 министри и вицепремиери. Во Хрватска тимот на премиерот Андреј Пленковиќ, брои еден член повеќе – 20. Кога се во прашање поголемите земји, пак, ние повторно имаме повеќе. На пример, шпанската влада брои 17, данската и шведската имаат по 22 члена итн.

Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри.