Сите институции се кријат: Епидемиолозите им прават анкети на пратениците откако Јахоски-Пуцко е примен на Инфективна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕПИДЕМИОЛОЗИ ИМ ПРАВАТ АНКЕТИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОТКАКО НИВНИОТ КОЛЕГА ЈАХОСКИ БЕШЕ ПРИМЕН НА ИНФЕКТИВНА

По приемот на Инфективната клиника на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ со симптоми на ковид-19, претседателот на Собранието Талат Џафери итно сабајлево се јавил кај претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Не се знае дали Собранието ќе продолжи да работи со физичко присуство на пратениците, сè зависи од резултатите од епидемиолошката анкета со пратениците која почнува да се прави веднаш.

Караџовски не одговара на телефонските повици, но извори на СДК.мк велат дека на спикерот Џафери му било кажано оти епидемиолози од Центарот за јавно здравје ќе ги анкетираат пратениците поединечно за контактите со него. Потоа ќе се одлучи дали поединци ќе одат во изолација, или сите 120 пратеници.

Вчера пратеникот Јахоски не бил во Собрание воопшто, е единствената официјална информација што ја добил порталот СДК од кабинетот на Џафери.

Иако новинарите од конституирањето на овој парламент, согласно препораките, немаат физички контакт со пратениците, сепак собраниските служби кои имаат, сведочат неофицијално дека пратениците не се многу дисциплинирани.

„Маските ги носат на брадата, си зборуваат еден до друг, уста на уста од близина, на паузите и во ходниците”, велат нашите извори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This