Сите медиуми од регионот објавуваат за тешката несреќа во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите медиуми од регионот јавуваат за тешката несреќа која се случи синоќа во Тетово. Cелосно изгоре ковид болницата, а потврдени се 10 жртви, иако од Владата соопштија дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Повеќето регионални медиуми цитирајќи домашни медиуми јавуваат за 14 жртви, со оглед на тоа што има информации дека синоќа на Институтот за судска медицина биле донесени тела на 14 жртви.

Медиумите ја цитираат и изјавата на министерот Венко Филипче кој соопшти дека се потврдени 10 жртви. Синоќа заседваше Кризен штаб, но изјави не беа дадени. Денеска има владина седница во 10 часот.

Најпотресно беше синоќешното сведочење на Сашо Трајчевски, заменик командир на Пожарната во Тетово.

„Повикот за пожарот беше во 21.02 минути. Излеговме одма, со 7 возила и 30 пожарникари. Од сите страни беше блокирано, додека се гасеше, се вадеа мртви, може некои луѓе беа и живи. Се беше во пламен. Ги ризикувавме и своите животи.

Имаше експлозии, пожарот брзо се ширеше. Во 21.45 е ливидиран пожарот комплетно.

Вадевме луѓе со креветите. Тоа е модуларна болница, пожарот експресно се ширеше, изјави Трајчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This