дома Македонија СИТЕ НА ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА: Еве колку време ќе „заглавите“ на граничните...

СИТЕ НА ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА: Еве колку време ќе „заглавите“ на граничните премини

Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.