April 20, 2024, 11:25 am

СИТЕ ПЕСНИ И ГИ ПОСВЕТИ НА НЕА: Ова е жената која Бајага ја сака 36 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Момчило Бајагиќ Бајага е еден од ретките српски музичари кој својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста.

Сопругата на Бајага не се експонира во медиумите, а ретки се и прославите на кои се појавува со сопругот. Можеби и тоа е еден од начините со кои својата љубов ја зачувале 36 години заедно.

Момчило и Емилија се во брак од 1989 г., а пред тоа 7 години живееле заедно. Тоа што е многу интересно кога се тие двајца во прашање е начинот на кој тие се запознале- во автобус.

– Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобусот првпат ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека во недела не излегува. Мене тоа ми беше како туш, бидејќи логично е дека кој е тој кој не излегува во недела?Ема сигурно излегува во сабота, од каде да знам. Тогаш јас не поставив дополнително прашање, се чувствував утепано. Дури по неколку месеци почнавме да излегуваме-истакнува Бајага во интервјуто за Новости.

Како што признава на интервјуто, сите песни и ги посветил на Еми на која воопшто не и бил лесен товар неговата слава.

– Врската како врска никогаш немаше искушенија, но на Еми не и беше лесно. Кога си јавна личност, секакви работи се појавуваат во медиумите за тебе. Ема навистина добро ги поднесе , посебни првите години од кога почнавме да се забавуваме , кои беа најлуди години. Ние не можевме да одиме на летување негде каде што одат сите. Каде и да одевме сите зјапаа во нас. Тоа веројатно им беше интересно. Јас не сум од тие типови кои главна фора им беше да зборуваат дека немаат девојка, јас тоа не сакав. Тоа е најглупо да го кажуваш, за да трчаат девојки по тебе. Луѓето треба да те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше ниту да ме сакаат-искрено раскажува Бајага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This