дома Македонија СИТЕ СЕ УБЕДЕНИ: Дури 86,2% од Македонците сметаат дека има кopупција и...

СИТЕ СЕ УБЕДЕНИ: Дури 86,2% од Македонците сметаат дека има кopупција и kpиминал во Владата

Огромен број од граѓаните сѐ уште не се политички определени, расте незадоволството од власта, од судството, од економската состојба во државата, расте невербата дека нешто може да се смени, а анкетираните граѓани сѐ почесто одбиваат да одговарат на прашањата од анкетарите, што се толкува како страв.

Ова се заклучоците и од последната анкета на Маркет вижн, која за потребите на МКД.мк беше спроведена од 9 до 17 октомври.

Во однос на присуството на криминалот и корупцијата кај највисоките нивоа од државната власт, граѓаните на Македонија се едногласни – 86,2 отсто од анкетираните граѓани одговориле со „да“, а 9,9% со „не“.

 

Повеќе од 76 отсто од анкетираните граѓани одговориле негативно на прашањето „дали сметате дека политичарите во Македонија се однесуваат одговорно кон државата“, а 20,4 отсто не дале одговор. Според националната припадност, се чини дека Албанците, граѓани на Македонија, се позадоволни од работата на нивните политичари (33,9%), а незадоволни се 61,7 отсто. Овие резултати се поразлични кај Македонците – 15,5 % се задоволни, а дури 82,3 отсто се незадоволни.

 

Целиот текст на МКД можете да го прочитате ТУКА.