дома Политика СИТЕ ЌЕ ВЕ ЗГРИЖИМЕ, И СИТЕ ЌЕ БИДЕТЕ ИСПЛАТЕНИ: Шилегов молел за...

СИТЕ ЌЕ ВЕ ЗГРИЖИМЕ, И СИТЕ ЌЕ БИДЕТЕ ИСПЛАТЕНИ: Шилегов молел за албанските гласови, нудејќи „брда и долини“!

Откако Заев порача дека „Македонецот има грдо лице“ алудирајќи на „нетолерантноста на Македонецот“ и дека него не му се потребни Македонски гласови на претстојните избори, Петре Шилегов веднаш почна со спроведување на насоките кои му ги дал неговиот лидер, а тоа е собирање на што повеќе Албански гласови

 

Носителот во изборната единица шест од редовите на опозицијата, Петре Шилегов веднаш по несреќната изјава на Заев, доцна синоќа бил на состанок во дел од албанското население во изборната единица, каде што според она што го дознаваме буквално молел за нивните гласови, ветувајќи им „брда и долини“ по изборите.

Според она што го дознаваме, Шилегов не само што ги потврдил исказите на Заев дека ќе има двојазичност и промена на Уставот на Р.Македонија, тој им ветил дека лично ќе се заложи сите кои се присутни на состанокот да бидат „добро исплатени“ и „згрижени на едно место“ доколку успеат да ги соберат албанските гласови од нивните места на живеење за СДСМ.

На фотографијата, би требало некаде да биде и Драгиша Милетиќ, но изгледа во последен момент се сокрил позади фотографот.