дома Локално Сити Mол ќе извpши пpoтивпoжapнa вeжбa yтpe нayтpo

Сити Mол ќе извpши пpoтивпoжapнa вeжбa yтpe нayтpo

Трговскиот центар Скопје Сити Мол утре со почеток во 7,30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот штаб на трговскиот центар.

„Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС. Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол. За време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од ковид-19“, се вели во известувањето.