Во Ирак во јуни е забележан скок од 600 отсто на случаите на зарaза со кoронавирусот.
На најголемите ирачки гробиштa се закопуваат 70 до 80 тела на жpтви на ден, а се очекува таа бројка дополнително да расте бидејќи здравствената структура на таа земја со децении ја yништуваа вoјни, санкции и кoрупција.
На Јусеф Х. од зараза со ковид-19 му умреле родителите и сестрата.
Го потценија вирусот. Не знаеја како да се заштитат. Сега сме преплашени и 100 отсто уверени дека коронавирусот е сериозна болест- кажа Јусеф за Си-ен-ен.
Погребувањата на умрените од ковид-19 на најголемите ирачки гробишта се одвиваат во текот на ноќта, кога ќе попушти жештината. На погребот не присуствува семејството и последните молитви за умрените ги испраќаат непознати луѓе – ирачките војници.
Медицинските работници предупредуваат на појавата на коронавирусот меѓу персоналот во болниците.
Бев со своето семејство кога шефот на болницата ми се јави и ми кажа дека сум позитивен на вирусот. Тоа е моментот кога се поздравувате со семејството, со своите деца, и не знаете дали ќе им се вратите – вели анестезиологот Ала Хусеин ал Талакани.
Дојде до пораст на заразените во нашата земја бидејќи властите не воведоа вистински мерки за заштита и затоа што прерано ги отворија пазарите и дуќаните, додава тој.
Во Ирак досега се забележани над 62.000 случаи на зараза со коронавирусот, а умреа најмалку 2.500 луѓе. Во последните 24 часа во таа земја од вирусот умреа 94 лица.