Ситуацијата еckaлира, прekинати сите летови од Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите воени и цивилни летови кон Кабул и од главниот град на Авганистан се прекинати, изјави денеска портпаролот на Пентагон.

Не е познато кога ќе продолжат летовите, а американската војска во моментов работи на обезбедување на аеродромот, пренесува Би -Би -Си.

Акцијата на САД резултираше со смрт на две вооружени лица, потврди Пентагон.

Откако Талибанците го зазедоа Кабул, Авганистанците побрзаа кон аеродромот во обид да ја напуштат земјата, некои од нив трчаа на пистата покрај авионот што се подготвуваше за полетување. Имаше и такви што се закачија за авионот.

Седум лица загинаа во хаосот на аеродромот во Кабул, вклучувајќи ги и оние што паднаа од американскиот воен транспортен авион, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This