Ситуацијата eckaлира: Литванија бара од ЕУ зaбpaнa за летови над белоруска територија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Литванија денеска ги повика земјите од Европската унија заеднички да издадат препорака авионите да го заобиколат воздушниот простор на Белорусија, откако авион на „Рајанер“ мораше да биде принуден да слета во Минск кога беше уапсен опозицискиот лидер Роман Проташевич, кој одеше од Атина во Вилнус.

Предлог за заедничка декларација ќе биде на маса утре, за кога е закажан редовниот состанок на лидерите на ЕУ, објави Ројтерс.

Предлогот исто така ќе повика на инцидентот да се означи како кршење на правилата за меѓународно граѓанско летање, објави Министерството за надворешни работи на Литванија, пренесува Танјуг.

Литванија исто така ги повика сојузниците на ЕУ да ги повикаат белоруските амбасадори и да протестираат за употребата на воен авион со намера да го пренасочи летот.

„Ова е брутална навреда за целата Европска унија“, рече литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсберис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This