дома Македонија СИЉАНОВСКА: Македонски народ, македонски јазик и македонски идентитет

СИЉАНОВСКА: Македонски народ, македонски јазик и македонски идентитет

Пред многу години, ме стаписа прашањето на еден колега од Шпанија, среде Советот на Европа: Има ли македонски јазик, Гордана?, ова во својата најнова колумна за Експрес.мк го пишува професорката Гордана Сиљановска Давкова.

Инстинктивно одговорив: Не, ние Македонците се служиме со говорот на телото! Се разбира, јас се извинив за напрасната реакција, а колегата за неумесното прашање, односно неинформираноста.

Пред неколку години, ме стопли коментарот на непознат слушател на бурниот, драмски дијалог мегу мене и Мимоза низ ходниците на Советот на Европа: на кој јазик зборувате, не праша господинот кој излезе од една од салите.

На македонски , одговоривме. Прекрасно звучи, како мелодија е, коментираше тој, претставувајки се како експерт кој претседава со меѓународната конференција за јазиците.

Пресреќна, се вратив во мислите во далечното осмо одделение, кога како првенка на “Јан Амос Коменски”, со Павлина и други најдобри ученици од Македонија, заминавме на наградно летување во малиот Шмихел, кај Ново Место во Словенија, на дружба со првенци од другите републики.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.