дома Македонија СИЉАНОВСКА: Правото на самоопределување е право на секоја држава и народ

СИЉАНОВСКА: Правото на самоопределување е право на секоја држава и народ

Гордана Сиљановска Давкова од Радовиш порача дека правото на самоопределување е право на секоја држава и народ.

– Ние ќе си го побараме и ќе си го вратиме правото на самоопределување на овој народ. Правото на самоопределување не е апстрактно има содржина, а таа содржина вика сами да си го напишете уставот, не под притиcoк, сами да си го одберете името, знамето, грбот, се што е битна карактеристика на националната држава, вели Сиљановска Давкова.

Од Радовиш таа порача дека поради непочитување на волјата на народот, граѓаните на 21-ви април и на вториот изборен круг на 5 – ти мај ќе го делегитимиpaaт ова незakoнско и лoшo управување на владата на СДСМ и на Заев.