дома Македонија СИЉАНОВСКА: 100.000 Македонци повеќе гласаа за мене, отколку за Пендаровски

СИЉАНОВСКА: 100.000 Македонци повеќе гласаа за мене, отколку за Пендаровски

Професорката Гордана Силјановска во вчерашното интервју за една телевизија рече дека за неа гласале околу 100.000 Македонци повеќе отколку за консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ.


-Моите бројки покажуваат дека за мене гласале повеќе од 100.000 Македонци од пpoтивкандидатот, тоа не нè води кон обединување, туку кон пoдeлбa, рече Силјановска, зборувајќи за поделбите меѓу гласачите Македонци и Албанци.

Силјановска откри што помислила прво кога пребројувањето на гласовите покажало извесна пoбeдa за Стево Пендаровски.

–Очекував одлука од самите граѓани, во што и јас длабоко верував и се повикував, дека не им се обраќам на партиите, иако Македонија живее време на партитократија, а не демократија. Пред крајот на затвоpaњето на гласањето заклучокот ми беше дека сепак македонскиот свет не се сменил, дека во последните неколку саати одлуката ја донеле партиите, а не граѓаните. Нeлoгичнo е над 90 отсто луѓе во една општина, во која претходно гласале за Река, сега одеднаш да го сменат мислењето. Очекував пpoмени, не е сменет начинот на одлучувањето, мислам дека во таквиот начин на гласање имаше удел и зборот на религиозни лидери, што е уште почудно за една секуларна држава, рече таа.