дома Македонија СИ ГО ПPOДАДЕ ПАРТНЕРОТ: Заев со ocyда за Ѓилас и нacилството врз...

СИ ГО ПPOДАДЕ ПАРТНЕРОТ: Заев со ocyда за Ѓилас и нacилството врз институциите во Србија

Во своето интервју за МИА Зоран Заев вели дека апсолутно нема македонско сценарио во Србија, како што обвини Вучиќ.

– Србија е наш голем пријател, народите ни се блиски, ние и посакуваме само добро на Србија, да оди напред, во моментов даваме поддршка за позитивно решение, како тие ќе се договорат, решение што гарантира напредок на регионот, интеграција во ЕУ, чување на мирот. Знам, преговарав пред неколку месеци, знам колку е тешко. Апсолутно се обидуваме да го сфатиме тоа и го поддржуваме процесот. Се надеваме дека ќе се вратат на дијалогот. Тоа е нашето очекување и се надевам дека дијалог ќе има и внатрешен во сите соседни земји. Еве ние имаме во Македонија. Но, истовремено како човек кој што беше директно нападнат од насилници во институциите можам јасно да го ocyдам секое нacилство врз институциите на системот од било кој карактер, ова го кажувам за да го потврдам нашето пријателство кон Србија, истака Заев во интервјуто.