дома Политика СИ ДОНЕЛ ДИЈАСПОРА ЗА ДА СЕ СЛИКА: Заев посрамотен, дијаспората не сака...

СИ ДОНЕЛ ДИЈАСПОРА ЗА ДА СЕ СЛИКА: Заев посрамотен, дијаспората не сака да се сретне со него!

Македонската дијаспора му заврте грб на Заев. Анти-државните и анти-националните политики кои ги води Заев во Македонија ги вратија назад Македонците кои живеат и работат во САД, кои во најголем број одлучија да не се појават на средбата организирана од Заев и неговите соработници.

На фотографијата од средбата на Заев со Македонската дијаспора може да се забележи дека повеќето од луѓето се соработници на Заев од Македонија додека останатите се од дијаспората.

Во галеријата Заев одржа и краток говор, кој беше проследен само од луѓето вработени во галеријата и неговите соработници од Македонија.

Додека Заев е бојкотиран од македонската дијаспора, Никола Груевски при посетата на истата во 2015 година оствари средба со сите претставници на дијаспората во САД и се бараше место повеќе за  присуство.