дома Свет СИ-ЕН-ЕН СО ПРИЛОГ ШТО САКА ДА СЕ СЛУЧИ: Што ако го убијат...

СИ-ЕН-ЕН СО ПРИЛОГ ШТО САКА ДА СЕ СЛУЧИ: Што ако го убијат Трамп на инаугурацијата? (ВИДЕО)

Телевизијата Си-ен-ен емитуваше репортажа за наследувањето на претседателските овластувања во случај на убиство на Доналд Трамп за време на инаугурацијата.

Репортерот Брајан Тод го разгледа сценариото на атентат не само на новоизбраниот претседател, туку и на потпретседателот и водечките луѓе на Конгресот.

Според Уставот на САД, вели Си-ен-ен, ако претседателот и потпретседателот се убиени или неспособни да ја вршат својата должност, нив ги заменува претседателот на Горниот дом на Конгресот, а по него следува привремениот претседател на Сенатот. Ако нешто им се случи и ним, должностите на претседателот ги исполнуваат министри, почнувајќи од американскиот државен секретар.

Во случајот со инаугурацијата на 20 јануари, ситуацијата е уште покомплицирана. До пладнето министрите на Барак Обама веќе ќе ги имаат предадено должностите – меѓу кои и државниот секретар, Џон Кери. Меѓутоа, Сенатот сè уште ја нема одобрено кандидатурата на Рекс Тилерсон на оваа функција.

Затоа до пладне на 20 јануари, обврските на државниот секретар привремено ќе ги преземе заменик-државниот секретар за политички прашања Том Шенон, претставник на администрацијата на Обама.

Покрај тоа, во случај на катастрофални настани и општо, во САД се избира т.н. дежурен наследник – по правило еден од министрите. Тој не присуствува на инаугурацијата и се наоѓа под обезбедување во оддалечена област, а неговото име не се објавува.

Тој дежурен наследник исто така нема да биде од тимот на Трамп – Сенатот уште нема потврдено никого од неговиот тим. Тој ќе биде некој од администрацијата на Обама, вели Си-ен-ен.

„На инаугурацијата постојат две линии на наследување: едната – администрацијата на Барак Обама, која сè уште е на власт, а другата сè уште се нема појавено, додека Доналд Трамп не ја преземе должноста и Сенатот не го одобри тоа“, вели во коментарот на телевизијата политикологот Џон Фортје.

По прилогот некои ја обвинија Си-ен-ен дека е „предавничка телевизија“, која „поттикнува на насилство“ со тоа што открива дека ако Трамп биде убиен на инаугурацијата, член на тимот на Обама ќе биде претседател. Некои дури шпекулираа дека Си-ен-ен се надева дека некој ќе го убие Трамп, пренесе Дејли мејл.