дома Свет Си Ен Ен: 140 peпубликанци би можеле да ја оспорат победата на...

Си Ен Ен: 140 peпубликанци би можеле да ја оспорат победата на Бajден во Конгресот на САД

Група републикански пратеници би можеле да се обидат да ги оспорат резултатите од претседателските избори во САД, кога ќе бидат ставени за одобрување во Конгресот на САД на 6 јануари, се наведува во напис објавен на веб-страницата на телевизискиот канал Си Ен Ен.

Двајца републикански конгресмени изјавиле за медиумот дека очекуваат таков обид да направат околу 140 нивни сопартијци во Претставничкиот дом и неколку членови на Сенатот.

Според Си Ен Ен, сојузниците на актуелниот претседател Доналд Трамп меѓу републиканците фактички немаат шанси да го променат исходот од оваа постапка.

Во текстот на Си Ен Ен се наведува дека овие законодавци можат само да го одложат за неколку часа неизбежното потврдување на победата на демократот Џо Бајден за нов претседател на САД.