дома Македонија СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕ: Директорот на училиштето во Бистрица ја...

СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕ: Директорот на училиштето во Бистрица ја фрлил бистата на Крсте Петков Мисирков!

По бришењето на македонските национални обележја во неколку општини во источна Македонија, скандалозно однесување и на директорот на училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица

 

Имено, Димитар Пипилев, новиот директор на улилиштето од Бистрица, ја отстранил бистата на патронот на училиштето Крсте Петков Мисирков, и ја фрлил во дворот каде `рѓосува и служи како „нужник за кучињата скитници“ – се жалат жителите. 

Во местото важи за тотално неспособен кадар, но исклучително партиски послушен. Жителите на Бистрица реагираат дека доколку бистата не биде вратена каде што и е местото, ќе реагираат соодветно.