дома Сцена СКАНДАЛ ВО ТИРАНА НА „МИС ГЛОУБ“: Нашата мисица била намерно повредена за...

СКАНДАЛ ВО ТИРАНА НА „МИС ГЛОУБ“: Нашата мисица била намерно повредена за да не може да учествува?

Во тој момент сфатив дека за мене изборот е завршен, цела ноќ плачев бидејќи со месеци се подготвував за ова и имав голема желба да ја претставам Македонија, вели нашата мисица.

Минатиот викенд по 43. пат во Тирана се одржа финалето на изборот „Мис глоуб“.

Во конкуренција од 50 девојки од целиот свет, титулата мис глоуб за 2016 година ја освои претставничката на Индија, Димпле Пател, прва придружничка е Катерини Карлио од Колумбија, а титулата втора придружничка ја освои Кристиана Скура од Албанија.

Мис на Македонија за „Мис глоуб е Александра Тројановска, која, за жал, не можеше да учествува на финалната вечер поради повредата на лигаментите на зглобот од десната нога, која ѝ се случи при подготовките што девојките ги имаа секојдневно при двонеделниот престој во Јужна Италија и во Албанија.

– Немилиот настан се случи на бродот со кој одевме од Драч за Бари. Имено, вечерта кога пловевме за Италија на бродот се одржуваше изборот „Мис бикини“.  По првото излегување, на кое добив големи аплаузи, кога влегов во бекстејџот и се упатив кон  моите работи, со намера да се подготвам за второто излегување, почувствував како некоја од девојките ме бутна, со главата удрив во нешто и ја изгубив свеста. Кога по неколку минути ме освестија и кога сакав да станам, почувствував силна болка во зглобот од десната нога, па не можев ни да го допрам подот, а камоли да ставам високи потпетици и да продолжам со настапот. Мислев дека имам скршеница на зглобот, но дежурниот доктор на бродот ми кажа дека нема скршеница, туку дека има силно истегнување на лигаментите, сериозна повреда која бара мирување од најмалку две недели. Сфатив во тој момент дека за мене изборот е завршен, цела ноќ плачев бидејќи со месеци се подготвував за ова и имав голема желба да ја претставам Македонија. Бев до крајот со девојките и на финалната вечер скокајќи на едната нога, се појавив на сцената за водителите да можат да објаснат што се случи и зошто нема да настапам – изјави Александра.

Меѓутоа, другата претставничка од модното студио „Црнокрак“ на овој избор, КристинаПоптрпева, ја освои титулата мис талент, покажувајќи го својот талент за пеење, со прекрасна изведба на песна за што од сите членови на жири-комисијата доби чисти петки.


Лиценцата за овој силен интернационален избор за убавина ја поседува модното студио „Црнокрак“ уште од 1996 година, и оваа година прослави јубилеј, 20 години како испраќа претставнички од Македонија на „Мис глоуб“.